Приведени осум лица во акција на антитерористичката служба на Грција
- Во акција на антитерористичката служба на грчката полиција, што од утрово е во тек во областа Атика, поширокиот регион на Атина, приведени се осум лица поврзани со групата која презеде одговорноста за бомбашки напади, како и за закани кон судии во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
![Приведени осум лица во акција на антитерористичката служба на Грција](https://mia.mk/images/20240227160639_big_730x400_88.webp )
Атина, 27 февруари 2024 (МИА) – Во акција на антитерористичката служба на грчката полиција, што од утрово е во тек во областа Атика, поширокиот регион на Атина, приведени се осум лица поврзани со групата која презеде одговорност за бомбашки напади, како и за закани кон судии во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на АНА-МПА од грчката полиција, за истиот случај се испитуваат уште две лица кои се во затвор, а паралелно биле извршени претреси во десет домови од каде е одземен материјал што дополнително ќе се истражи.
Акцијата се однесува на групата „Партнерство за одмазда“, која презеде одговорност за три инциденти во Атина во јули и ноември 2023 година и јануари годинава, односно за напад со рачна бомба врз автомобил на затворски службеник; бомбашки напад врз градежна компанија и експлозија во филијала на банка.
По завршувањето на акцијата се очекува грчката полиција да излезе и со официјално соопштение. ср/ссм/