• петок, 26 јули 2024

Приведени две лица за кражба на автомобил во Тетово

Приведени две лица за кражба на автомобил во Тетово

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера ги привеле А.А.(29) и Н.М.(30), двајцата од Тетово, за кражба.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека имало пријава против А.А. од страна на 33-годишниот З.Х. од тетовско село за одземање на неговото возило марка БМВ со германски национални ознаки.

Возилото е пронајдено додека било управувано од второосомничениот Н.М. и е вратено на сопственикот.

А.А. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот. сан/са/

Остани поврзан