• среда, 15 мај 2024

Приведени две лица за вчерашното разбојништво во Куманово

Приведени две лица за вчерашното разбојништво во Куманово

Куманово, 16 март 2024 (МИА) - Кумановската полиција приведе две лица од скопското село Буковиќ за вчерашното разбојништво во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Двајцата се сомничат дека со џип го пресретнале 63 годишниот кумановец на патот кон кумановската населба Карпош, предизвикале судир, пукале кон него, му одзеле торба со пари и го запалиле џипот.

- Денеска полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од село Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека  вчера околу 20:20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат“, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „Ренџ Ровер“, соопшти полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.ам/бт/

Фото: Принтскрин и МИА архива

Остани поврзан