• сабота, 27 јули 2024

Штипскиот интервен кардиолог Сашко Николов член на Европскиот бифуркационен клуб

Штипскиот интервен кардиолог Сашко Николов член на Европскиот бифуркационен клуб

Штип, 15 мај 2024 (МИА) - Началникот на Одделението за кардиологија при Клиничка болница-Штип, интервентниот кардиолог, Сашко Николов е регистриран во Европскиот бифуркационен клуб. Во овој клуб членуваат стотина интервентни кардиолози од Европа и светот. Тој посочува дека  сите сложени стентирања, кои се направени во изминатите десет години во Клиничка болница-Штип се презентирани на Светските интервентни кардиолошки конгреси во Европа и светот.

-После долги презентации, после долги години тешки интервенции и успешно завршени интервенции во јануари 2024 година добив покана да бидам дел од Европскиот клуб, каде професорот Ив и основачот на ова здружение лично ме покани да бидам дел од ова здружение. После четири месеци, вчера добив официјална покана за да се регистрирам. Овде членуваат 50 доктори од Европа и уште 50 надвор од Европа, вели Николов.

Посочува дека  Штип ќе биде ставен на висока позиција во Здружението на интервентни кардиолози, а гордост е и за цела држава. Николов забележува дека со помош на посветената работа на целиот тим на Клиничка болница-Штип се стигна до ова високо ниво.

-За мене ова лично преставува едно од најголемите достигнувања во мојата професионална кардиолошка кариера. Благодарение на мојот тим кардиолози доктори во Клиничка болница- Штип со гордост кажувам дека успеавме да стигнеме во елитата на интервентното кардиолошко работење. Ова за нашиот град е огромна работа, бидејќи Штип ќе биде ставен на висока позиција во Здружението на интервентни кардиолози, рече Николов.

Тој додава дека ова ќе биде само почеток на се она што следува во медицината, особено во интервентното кардиолошко работење. вдј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан