• петок, 21 јуни 2024

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан