• петок, 05 декември 2025

Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - Град Скопје информира дека на 28 и на 29 јуни во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни терестричната дезинсекција.

Терестричната дезинсекција, како што информираа од Град Скопје, ќе се реализира до 3 јули, во периодот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан