• недела, 22 декември 2024

Претставници на Саинц почнаа преговори со Мерцедес

Претставници на Саинц почнаа преговори со Мерцедес

Бракли, 15 март 2024 (МИА) - Претставниците на Карлос Саинц стапиле во контакт со Мерцедес и веќе се започнати преговорите меѓу двете страни за евентуален договор на Шпанецот со поранешните шампиони. Договорот на Саинц со Ферари истекува на крајот на 2024 година и веќе стана јасно дека нема да биде обновен, а на негово место ќе дојде Луис Хамилтон.

Во деновите пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, таткото на Саинц, Карлос постариот и неговиот менаџер Карлос Ороно, беа забележани како се среќаваат со различни високи функционери на Мерцедес, а подоцна беше потврдено дека тие имале долги разговори со шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Волф во неколку наврати изјави дека нема да брза во потрагата по замената на Хамилтон бидејќи сака да ги истражи сите можни опции. Тото не ја отфрли можноста Мерцедес да го доведе Макс Верстапен, но се верува дека Саинц во моментов е на врвот на листата на кандидати за тимски колеги на Џорџ Расел за следната година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан