Комплетирани четвртфиналните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига
- Со одигрување на реванш осминафиналните натпревари синоќа се комплетираа четвртфиналните двојки во Лига Европа и Конференциската лига.
Скопје, 20 март 2026 (МИА) – Со одигрување на реванш осминафиналните натпревари синоќа се комплетираа четвртфиналните двојки во Лига Европа и Конференциската лига.
Двојките за четвртфиналето во Лига Европа се: Фрајбург – Селта Виго, Порто – Нотингем Форест, Брага – Реал Бетис и Болоња – Астон Вила.
Во четвртфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, ќе се играат Шахтјор – АЗ Алкмар, Кристал Палас – Фиорентина, Рајо Ваљекано – АЕК и Мајнц – Стразбур.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9 април, а реваншите се на програмата една недела подоцна.ег
ФОТО: ЕПА