• петок, 05 декември 2025

Претставници на проектот EU for Municipalities во посета на Пустец

Претставници на проектот EU for Municipalities во посета на Пустец

Пустец, 6 ноември 2025 (МИА) - Во рамките на проектот EU for Municipalities, денеска во просториите на Општина Пустец се одржа средба меѓу претставници на проектот, предводени од д‑р Клаус Рихтер, и раководството на општината.

-Овој проект, кој се спроведува во Република Северна Македонија, има за цел зголемување на локалните капацитети и унапредување на општинските услуги, со фокус на одржлив територијален развој и подобрување на квалитетот на животот, особено во пограничните региони, информираа од општината.

На средбата се разговарало за можностите за идна соработка и заеднички проекти „кои ќе придонесат за развој на регионот Преспа, што ги обединува Северна Македонија, Албанија и Грција".

-Градоначалникот Пали Колефски ги запозна претставниците на проектот со богатите природни ресурси и потенцијалите на Пустец во областа на туризмот, археологијата и природните убавини. Од своја страна гостите   изразија подготвеност на заеднички идеи со финансирање од Европската Унија, нагласуваат од Општина Пустец.

Неодамна во посета на Пустец беа претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската Амбасада, чија цел беше  вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе се придонесе за зголемување на бројот на туристи. вт/дма/


Фото: Општина Пустец

Остани поврзан