Претставници на грчката и албанската полиција разговараа за соработка во борбата против организираниот прекуграничен криминал
- Борбата против организираниот прекуграничен криминал за прашања поврзани со нелегалната миграција, трговијата со дрога, нелегалното сечење дрва и собирање билки од планината Грамос, биле во фокусот на средбата на претставници на полициите на Грција и Албанија предводени од генералниот регионален полициски директор на грчката област западна Македонија Константинос Спанудис и генералниот директор на полицијата во Корча Ѓовалин Лока, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 11 септември 2024 (МИА) – Борбата против организираниот прекуграничен криминал за прашања поврзани со нелегалната миграција, трговијата со дрога, нелегалното сечење дрва и собирање билки од планината Грамос, биле во фокусот на средбата на претставници на полициите на Грција и Албанија предводени од генералниот регионален полициски директор на грчката област западна Македонија Константинос Спанудис и генералниот директор на полицијата во Корча Ѓовалин Лока, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
АНА-МПА објави дека според претставници на грчката полиција, на средбата била потврдена „одличната соработка меѓу полициите на двете земји, која претставува основа за решавање на различни прашања“, а била нагласена потребата за дополнително „зајакнување на соработката, преку иницијативи и активности, како што е одредување контакт точки за подиректна размена на информации“.
Според истите информации, двете страни рекле дека средбите на полициските службеници ќе продолжат, согласно протоколот за соработка меѓу Грција и Албанија, бидејќи се неопходни за заштитата и безбедноста на граѓаните на двете земји.
На состанокот од грчка страна учествувале полициски претставници од северозападниот дел на земјата, додека пак од Албанија надлежните од граничната полиција. ср/ми/
Фото: АНА-МПА