• недела, 12 мај 2024

Претстава на јапонската актерка Шоко Ито на Филолошки факултет

Претстава на јапонската актерка Шоко Ито на Филолошки факултет

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Претстава на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ), ќе биде одржана денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) во Скопје.

- Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји, соопшти Деканат на Филолошкиот факултет.

Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 година го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“.

Добитничка е на редица награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија. са/мд/

Фото: принтскрин
 
 
 

 

Остани поврзан