• сабота, 27 јули 2024

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата 

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата 

Тирана, 27 јули 2024 (МИА) - Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.

Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

- Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата  здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.

Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала. 

- Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.

Линдита Никола(59)  е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование. вт/паг/


Фото: собраниска служба

 

 

 


 
 
 

 

 

Остани поврзан