• недела, 21 јули 2024

Претрес во Штип, приведен дилер

Претрес во Штип, приведен дилер

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Во Штип денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода Ј.П.(45) од Штип.

Како што информираа од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: бела прашкаста материја, марихуана, дробилка, две дигитални ваги и пари.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Штип, тој е задржан во Полициската станица Штип и по целосно документирање на случајот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Штип. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан