• вторник, 14 мај 2024

Претрес во струмичко Добрејци, пронајдена дрога

Претрес во струмичко Добрејци, пронајдена дрога

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - Во струмичкото село Добрејци, денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и шприц со црна течност.

- Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението. цр/нд/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан