• петок, 17 мај 2024

Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол

Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Г.Ц.(31) и А.Н.(19), двајцата од Скопје.

-При претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол, соопштија од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, на лицата ќе им биде поднесена соодветна пријава. љм/са/

Фото: МВР

Остани поврзан