• понеделник, 06 мај 2024

Претрес во скопски Бит Пазар, приведен дилер, пронајдена дрога

Претрес во скопски Бит Пазар, приведен дилер, пронајдена дрога

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера во 13:45 часот, го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан