• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во Липково, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Липково, пронајдена дрога, приведено едно лице

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 11.30 часот го лишиле од слобода Н.А. (19) од село Слупчане, општина Липково.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа од МВР, била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/сп/

 

Остани поврзан