• петок, 05 декември 2025

Ѓорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

Ѓорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

22 јули 2025 (МИА) 

Добар ден на сите,

Поздрав од Демир Капија каде што имаме денес агенда на посети на повеќе села во општината Демир Капија и тука во самиот ОК.  Добра атмосфера и позитивна атмосфера.

Се подготвуваме за локалните избори, ја подготвуваме и нашата програма за локалните избори, која што нема само да биде изборна програма, туку и програма на Наталија која што ќе биде иден градоначалник на општина Демир Капија.

Тука во Демир Капија веќе неколку изборни циклуси победуваме и не само што победуваме, туку победуваме и убедливо. Така што, за три месеци ќе го повториме тој резултат, а после тоа со силна поддршка од Владата на Македонија, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со локалната самоуправа, општина Демир Капија ќе оди напред. Заеднички.

Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 
Датум: 22.07.2025 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан