Претрес во Кочани, пронајдени дрога и оружје, приведени две лица
- Полицијата вчера во 17:15 часот во Кочани ги лишила од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана.

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Полицијата вчера во 17:15 часот во Кочани ги лишила од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана.
Како што информира денеска МВР, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/са/
Фото: МВР