• недела, 19 мај 2024

Претрес во Дебар, пронајдена дрога

Претрес во Дебар, пронајдена дрога

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Во Дебар во 08.30 часот вчера полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.П.(47) од Дебар, информираа од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан