• недела, 22 декември 2024

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода.

Како што информираат од Владата, реконструкцијата чини околу 90.000.000 денари и е финансирана преку Министерството за спорт.

Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник” да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската сала да биде рентабилна. Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од владиното ЈП за стопанисување со спортски објекти без долгови. По 30 години негрижа конечно започнува реконструкцијата на салата „Расадник”, со што повторно ќе го добие својот сјај. ев/цр

МИА: ФОТО Архива 

 

Остани поврзан