• вторник, 27 јануари 2026

Премиера на документарниот филм „Свето Богојалвение 2026“ во Охрид

Премиера на документарниот филм „Свето Богојалвение 2026“ во Охрид

Охрид, 27 јануари 2026 (МИА) – „Свето Богојавление 2026“ е насловот на документарниот филм што вечерва премиерно ќе биде прикажан пред јавноста.

Станува збор за заеднички проект реализиран од страна на Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, во соработка со Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА и Општина Охрид.

„Документарниот филм ‘Свето Богојавление 2026’, освен на главното случување, беше сниман и во неколку денови за време на подготовките на градот Охрид за големиот празник Богојавление Водици, со цел пошироко да се раскаже приказната и значењето на самиот празник, неговата големина и светлина во срцата на луѓето“, информираат од здружението.

Филмот е дело на Симјаноски Бојан, со музика на Горан Трајкоски. Филмот премиерно ќе биде прикажан вечерва од 20 часот на интернет-платформите YouTube, Facebook и Instagram, преку профилите на „Богојавление Водици“. аб/са/

Фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан