Априлијада во Виница
- Шарени насмевки, детска радост и креативност денеска го исполнија Плоштад „Ангел Винички“, каде што успешно се одржа годинашната Априлијада во организација на Општина Виница.
Виница, 1 април 2026 (МИА) - Шарени насмевки, детска радост и креативност денеска го исполнија Плоштад „Ангел Винички“, каде што успешно се одржа годинашната Априлијада во организација на Општина Виница.
На настанот учествуваа дечиња од детската градинка и ученици од основните училишта, кои со своите околу 30 групни маски внесоа вистинска магија и ведрина. Секоја маска беше уникатна приказна сама за себе, создадена со многу љубов, труд и детска фантазија.
Стручната жири комисија имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите, бидејќи сите учесници беа извонредни.
Дечињата од детската градинка „Гоце Делчев“, заедно со нивните воспитувачки, беа толку оригинални и прекрасни што комисијата одлучи вон категорија да ги награди сите три групи – за најкреативна („Малите готвачи“ – со воспитувачката Катерина Даневска и негувателката Соња Наумова), најзабавна („Сликовници“ – со воспитувачката Марина Арсова и негувателката Илина Захариева) и најслатка маска („Слатки пици“со воспитувачката Славица Пановска и негувателката Благица Карчова). ис/бк/
фото : Општина Виница