• среда, 01 мај 2024

Преку Локален акциски план Вевчани ќе управува со отпадот

Преку Локален акциски план Вевчани ќе управува со отпадот

Вевчани, 4 март 2024 (МИА) - Намалување на количините отпад и подобрување на перформансите на Јавното комунално претпријатие во собирањето на отпадот е целта на Локален акциски план за управување со отпад на Општина Вевчани за периодот 2024-2025 година.

Преку две годишното стратешко планирање на одржливото управување со отпадот, градоначаникот Спасе Кочовски, смета дека ќе овозможи реализација на одредени стратешки цели и дефинирани усогласени мерки, кои водат кон планирање на инвестициите и трошоците за одржување на јавното комунално претпријатие

- Ќе воспоставиме систем за селекција на отпадот, што ќе го намали депонирањето на отпадот од општината до регионалната депонија. А, ќе преземеме и мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за одржливото управување со отпад, вклучувајќи едукативни кампањи и активности за рециклирање, изјави Кочовски.

Изработката на Локалниот акциски план, според него, ги утврдил главните приоритети и потреби на Општина Вевчани и дефинирал мерки за нивно решавање.

- Активностите се дефинирани во согласност со стратешките цели и даваат јасни насоки во управувањето со отпадот кој се создава во општината, ги утврдува состојбите, ги идентификува слабостите и предлага мерки и активности за подобрување на одржливото управување со отпад на локално ниво, додаде градоначалникот на Вевчани.

Локалниот акциски план го подготвила работна група составена од членови на општинската администрација и Јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој. сс/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан