• вторник, 25 јуни 2024

Преку ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Бугарија

Преку ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Бугарија
Берово, 4 септември 2022 (МИА) - Преку проектот „Европа за граѓаните“, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Бугарија. На завршниот настан во рамките на ЕУ проектот кој се одржува во Бољарово, Република Бугарија, како што информираа од Општината, учествуваат делегации од 40 општини од осум држави во Европа, а меѓу нив и Општина Берово. - Проектот обединува мали општини од Шпанија, Италија, Белгија, Хрватска, Португалија, Северна Македонија, Латвија и Бугарија. Во рамки на учеството разменивме искуства во делот на развој на социјалните иновации, културното наследство, стратегии и различен пристап во стратешкото планирање на европско и локално ниво, со цел презентирање на добри практики во развој на руралниот туризам, истакнаа од Општината. Во делот на придобивки од проектот, како што додадоа, продлабочена е соработката во насока на учество и изработка на заеднички проекти во делот на промоција на културните традиции. -Токму во Центарот на заедницата, беше подготвена изложба на која учествуваа сите центри на заедницата во општината и сите општествени институции. Таму видовме прекрасни кулинарски креации, кои потоа сите имаа можност да ги пробаат, додадоа од Општина Берово. Проектот „Европа за граѓаните“ се реализира во рамки на EUsave мрежата која има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот. вс/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан