• петок, 17 мај 2024

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат денеска во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На презентацијата во хотелот „Александар Палас“ ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија. За учество на настанот потребна е регистрација нa линкот: https://ankete.cmepius.si/index.php/536421?lang=sl рп/мд/

Остани поврзан