• среда, 17 јули 2024

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари, побезбеден сообраќај...

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари, побезбеден сообраќај...

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - На подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип продолжија превентивните активности на полициските службеници насочени кон темите од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата од пожари на отворено, како и во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.

На подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, информираа денеска од МВР, во основното општинско училиште „Кире Гаврилоски“ и во Крушево биле спроведени сообраќајни превентивни акции наменети за децата, како и за возачите, а пак во Демир Хисар превентивните активности биле посветени на заштита на шумите од пожари.

Во Штип, пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во угостителските објекти на подрачјето на градот реализирале активности во врска со кампањата „Слави со срце, а не со оружје“, додека во Берово, поточно во викенд населбата Абланица и околу Беровското езеро биле спроведени превентивни активности. цр/лв/

Фото:МВР

Остани поврзан