• петок, 27 декември 2024
МИА Најави МКД

15 ноември 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Работилница за Заедничка рамка за проценка (ЦАФ). (Едукативен центар - Парламентарен институт/10:00)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 Ноември, со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција (Главен влез, свечен дел/12:00), и обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши. (13:00)

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија. (МНРиН/9:45)

Скопје - Прес конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. (МВР зграда 1, сала 1 / 08:45)

Скопје - Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија во организација на Министерството за правда. (Клуб на пратеници/10:00) 

Скопје - Годишна конференција на граѓански организации „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“ во организација на Националниот форум на Цивика мобилтас. (х.„Холидеј ин“/11:30, изјави за медиумите/12:00)

Скопје - Амбасадорот Оцука Казуја и градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски ќе потпишат грант договор. (Простории на Амбасадата на Јапонија, Соравија, 6 кат/11:00)

Битола - Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) организираат обука за справување со земјотресите за средношколците во битолското средно училиште „Јосип Броз-Тито“. (СУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола/10:00, изјави за медиумите по завршување на настанот/11:00)

Скопје - Директорот на Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, д-р Реџеп Мемеди ќе одржи прес конференција за состојбите во клиниката. (Детска клиника / 10:30)

Скопје - Симпозиум „Актуелности во неонатологијата“ со меѓународно учество во организација на Здружението на неонатолозите на Р.Македонија. (х.„Хилтон“)  

Скопје - Прес-конференицја на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. (ул. „Мирче Ацев“ населба Пролет, спроти ООУ ,,11 Октомври"/10:00)

Скопје - Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција -16 ноември, со настан под мото „Разноликоста е факт, прифакањето е чин“. (Кинотека на Северна Македонија/19:00)

Битола - Прес-конференција НУ Центар за култура, организатор на фестивалот Музика од светот. (Центар за култура/11:00)

Скопје - ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден ќе одржи презентација на Дигиталната колекција Анте Поповски. (Конференциска сала на ГБСК, 2 кат/12:00) 

Скопје - Уметничка инсталација за ЛГБТИК+ приказни: Приказни од плакарот. (улица Македонија, на самата улица, наспроти спомен куќата Мајка Тереза/10:30)
 
Скопје - Танцова работилница „Moving Inside Out“ во КСП Центар - Јадро.

Скопје - Книжевна средба со Франсеск Миралјес. (Кафе Лабораториум/19:00) 

Скопје - 49.издание на Меѓународниот театарски фестивал Млад Отворен Театар во организација на ЈУ Младински културен центар - Скопје.

Скопје - Изведба на претставата „Драми на принцезите“. (Драмски театар, сцена „Ристо Стефановски“/20:00)

Скопје - Концерт на Трио Аперто, Марина Трајковска - виолина, Момчило Куфојанакис - виолина и Весна Ангелова Христов - пијано. (Салон 19:19/19:19)

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан