• петок, 26 април 2024

Првиот светски рекет Алкараз се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз

Првиот светски рекет Алкараз се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз
Париз, 2 ноември 2022 (МИА) - Шпанецот Карлос Алкарас го победи Јапонецот Јошихито Нишиока во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Париз со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4. Следен противник на првиот светски рекет ќе биде Григор Димитров од Бугарија кој вечерва го победи Фабио Фоњини од Италија со 2:0, по сетови 6:0 и 7:5. АТП Ролекс Мастерс турнир во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра. Досега од првите шест фаворитите пласман во осминафиналето обезбедија и Стефанос Циципас (5. носител), Каспер Руд (3. носител), Новак Ѓоковиќ (6. носител). зс/

Остани поврзан