• сабота, 04 мај 2024

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

 

Скопје, 26 април 20204 (МИА) – Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Дика Мем ја предводеше Барселона со седум голови, додека Камил Сипржак постигна седум за ПСЖ.

Во вториот натпревар одигран во четвртокот, Веспрем оствари минимална победа од 32-31 (12-17) против Алборг со шест голови на Недим Ремили, додека четворица играчи на гостите постигнаа по четири гола.

Реваншите се играат следната недела, а победниците ќе се пласираат на завршниот турнир кој ќе се игра на 8 и 9 јуни во Келн.

Резултати од првите четвртфинални натпревари,

Среда:

Киелце – Магдебург 27-26 (14-13)

Монпеље – Кил 39-30 (20-16)

Четврток:

Веспрем – Алборг 32-31 (12-17)

ПСЖ – Барселона 22-30 (14-11). ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан