• петок, 22 ноември 2024

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

 

Цирих, 26 април 20204 (МИА) – Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Договорот, чија сума не е објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.

Саудиска Арабија, земја богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.

Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2023“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафта

„Ова партнерство ќе ѝ помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 асоцијации членки низ светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан