Прва победа за македонските кошаркарки во квалификациите за ЕП 2023
- Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва против Босна и Херцеговина ја забележаа првата победа во квалификациите за Европското првенство 2023.

Сараево, 9 февруари 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва против Босна и Херцеговина ја забележаа првата победа во квалификациите за Европското првенство 2023.
„Црвено-жолтите“ вечерва во Сараево славеа со 68:66.
Претходно, во 5.коло од А-групата, селекцијата на Белгија стигна до убедлива победа на гостувањето во Германија (69:44), и го осигура пласманот на Европското првенство.
Токму Белгијките се нашиот нареден противник, в недела од 18 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. зс/