• четврток, 18 јули 2024

Првата проекција на филм во штипски Киноверзум до крајот на месецот

Првата проекција на филм во штипски Киноверзум до крајот на месецот

Штип, 13 јуни 2023 (МИА) - За десеттина дена се очекува првата проекција на филм во новото кино на Киноверзум во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ - Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека конструкцијата е поставена, опремата пристигната и се тестира, а недостасуваат само прозори во салата. Според градоначалникот Јорданов, би пристигнале за најмногу два дена.

Во салата во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип има најсовремена кино опрема и ласерски проектор од најновата генерација на проектори, а истата е со капацитет од приближно 150 места, вели Јорданов.

Општината е во координација со Киноверзум, од каде посочуваат дека премиерата на првиот филм ќе биде за десетина дена, а општината за два до три дена ќе организира настан на кој кино-салата свечено ќе се отвори. вдј/сст/

 

Остани поврзан