• петок, 17 мај 2024

Пратениците во Чиле ќе бидат тестирани на дрога

Пратениците во Чиле ќе бидат тестирани на дрога
Сантијаго, 20 август 2022 (МИА) - Чилеанските пратеници во следните неколку дена по случаен избор ќе бидат тестирани на дрога. Тестирањето ќе се спроведе откако минатиот месец беше усвоен предлогот тоа да биде задолжително, и покрај критиките од некои парламентарци. Првите 78 чилеански пратеници ќе бидат тестирани по случаен избор следната недела. Мерката е со цел да се подобри транспарентноста на работата на Парламентот. Во усвоениот предлог е наведено дека сите пратеници ќе треба да се тестираат два пати во текот на секој четиригодишен мандат, а сите позитивни резултати ќе бидат објавени. ми/

Остани поврзан