• среда, 26 јуни 2024

По повод Денот на независноста честитка на МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец

По повод Денот на независноста честитка на МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец

Дебар, 8 септември 2023 (МИА) - До сите Македонци каде и да се честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

- МАЕИ на сите Македонци каде и да се,  им го честита 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи, стои во честитката.

Се посакува „нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок".

Честитка упати и Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа.  - Во мое и во име на Советот на општината и општинската администрација  нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, стои во честитката на Колефски. 

Денот на независноста го честиташе и Македонското друштво „Илинден-Тирана“. вт/дма/

 

Фото:МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан