• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

По војната, Киев ќе има потреба од европски војници „подготвени да се борат“, изјави советник на Зеленски

По војната, Киев ќе има потреба од европски војници „подготвени да се борат“, изјави советник на Зеленски

Киев, 26 март 2025 (МИА) - Украина по војната ќе има потреба од распоредување на „подготвени за борба“ европски војници на своја територија, а не само мировни сили, изјави Игор Жовква, советник на претседателот Володимир Зеленски.

- Не е важен бројот, нагласи тој. - Станува збор за нивната подготвеност да се борат, да ја бранат земјата, да бидат соодветно опремени и да ја разберат улогата на Украина како неразделен дел од европската безбедност, додаде Жовква.

- Секој војник мора да биде подготвен да учествува во реална битка. Токму тоа го прават Украинците веќе три години. Ако сте војник, тогаш мора да бидете подготвени за борба, вели тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан