• понеделник, 20 мај 2024

Почнува 41. Европско првенство во кошарка

Почнува 41. Европско првенство во кошарка
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) – Од денес до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија ќе се игра Евробаскет 2022. Ова е 41. континентален шампионат на кој ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи. А-групата ја сочинуваат: Белгија, Бугарија, Грузија, Црна Гора, Шпанија и Турција. Б-група: Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Унгарија, Литванија и Словенија. Ц-група: Хрватска, Естонија, Велика Британија, Грција, Италија и Украина. Д-група: Чешка, Финска, Израел, Холандија, Полска и Србија. Во првиот натпревар денес од 13:30 часот ќе играат Шпанија и Бугарија. Другите двојки за денес се: БиХ – Унгарија (14:30 часот) Турција – Црна Гора (16:15) Словенија – Литванија (17:15) Белгија – Грузија (19:00) Франција – Германија (20:30). Најмногу злата, вкупно 14 има поранешниот Советски сојуз, СФР Југославија има пет, Југославија, Литванија и Шпанија по три, Италија и Грција по две. Летонија, Чехословачка, Египет, Унгарија, Германија, Русија, Франција и Словенија по еднаш биле на европскиот кошаркарски трон. зс/

Остани поврзан