• сабота, 29 јуни 2024

Почна реконструкција на улици кај „Младен Стојановиќ“ во Куманово

Почна реконструкција на улици кај „Младен Стојановиќ“ во Куманово

Куманово, 28 мај 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на улицата „Младен Стојановиќ“ со споредни улици во Куманово, соопштија денеска надлежните. Екипи на избраната градежна компанија се веќе на терен и се асфалтира улицата со споредните улички.

-Жителите на овој дел од градот после подолг период ќе добијат асфалтирани улици и ивичници. Со ова се очекува да се зголеми безбедноста на пешаците во овој дел од градот и добра конекција со главните улици и кон локалитетот „Серава“. Населбата е од поодамна, изјави помошникот раководител на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Граѓаните со години бараа асфалт и основна инфраструктура во нивната населба.

Општината одвои скоро пет милиони за изградба на улицата и споредните улички во овој дел од Куманово и санацијата е дел од развојната програма на општината. Според проценката на стручните од  секторот се очекуваа реконструкцијата да заврши за три недели. ам/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан