• сабота, 29 јуни 2024

Изложба на најдобри примероци на мотоцкли во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Изложба на најдобри примероци на мотоцкли во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) – Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска во период од 12 до 17 часот ќе се одржи манифестацијата CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2024.

Во рамките на манифестацијата, од 12 до 17 часот ќе се одржи изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic),  во секоја класа по неколку карактеристични примероци.

На настанот, како што е најавено, ќе има и изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки - Airbrush and pinstripe.

Во музичкиот дел ќе настапат блуз и рок бендоците In The Mood & Band и Crossroad Blues Band.

Како што информираат организаторите, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.

Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика да се претстави уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици. ар/аа/
Фото: Постер

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан