• сабота, 29 јуни 2024

Ана Петановска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват

Ана Петановска ќе настапи на регионалниот музички фестивал  „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) – Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.

Помеѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, Петановска ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“.

Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека, за аранжманот се погрижил Стефан Петановски.

После настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. 

Концертот насловен „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи на 4 јули во Националната опера и балет и е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и Владо Јаневски.

Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја.

На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска. ар/аа/

Фото: Ана Петановска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан