• сабота, 27 април 2024

Почна доизградбата на регионалниот пат меѓу селата Радање и Оџалија

Почна доизградбата на регионалниот пат меѓу селата Радање и Оџалија

Карбинци, 12 април 2024 (МИА) - Почна доизградбата на локалниот пат меѓу селата Радање и Оџалија во Општина Карбинци. Градоначалникот Карбинци на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за пат, кој досега не бил доизграден за 350 метри.

-Овој проект е од суштинско значење за жителите на село Оџалија, но е и долгогодишно барање за жителите од овој регион.Продолжуваме со активностите, наскоро за неколку дена ќе биде и целосно завршен со нова асфалтна површина, вели Паунов.

Инаку трите проекти за изградба на улици и патишта во селата Парналија, Горни Балван и Оџалија чинат 4,8 милиони денари. Паунов истакна дека овие средства целосно се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци. Тој на денешната прес-конференција најави дека претстојат и градежни активности на две детски игралишта. вдј/са/

Фото: Општина Карбинци 

Остани поврзан