Изложба на Тања Манева во КИЦ во Тирана
- Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, вечерва беше отворена изложба на слики од сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“ заедно со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ Додиг од Белград.

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, вечерва беше отворена изложба на слики од сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“ заедно со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ Додиг од Белград.
Манева во Тирана се претстави со шест нови дела, во кои може да се забележи промена во нејзиниот стил.
Изложбата е во организација на македонскиот КИЦ во Тирана, потпомогната од компанијата „Примал“ од Тирана и ,,Тиквеш“ од Кавадарци.
Во организација на КИЦ Тирана на 3 мај во театарот ,,АрТурбина“ во Тирана ќе гостува Албанскиот театар од Скопје со претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.вј/нд/
Фото: КИЦ Тирана