• сабота, 18 мај 2024

Почина поранешната грчка министерка Мариета Јанаку

Почина поранешната грчка министерка Мариета Јанаку
Атина, 27 февруари 2022 (МИА) – Поранешната министерка и пратеничка од грчката партија Нова демократија, Мариета Јанаку, почина денеска на 71 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина. Јанаку изминатите години имаше сериозни здравствени проблеми, а неколку седмици беше во болница, каде што и почина. Во минатото беше министерка за здравство и за образование, неколку пати беше избрана за европратеничка, како и пратеничка во Парламентот, а од април минатата година беше претседателка на парламентарната група за пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство за смртта на Јанаку. ср/паг/

Остани поврзан