• среда, 01 мај 2024

Поскапува Еуросупер БС-95

Поскапува Еуросупер БС-95

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - За два денари од полноќ поскапува Еуросупер БС-95, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста - 85,5 денари за литар. Непроменети остануваат и цените на дизелот кој ќе се продава по 76 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство по 75 денари за литар. Цената на мазутот останува 43,797 денари/килограм. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан