• недела, 21 јули 2024

Посета на Спомен собата на Дедо Митко по повод 75 години постоење на ,,Копачка"

Посета на Спомен собата на Дедо Митко по повод 75 години постоење на ,,Копачка

Делчево, 2 декември 2023 (МИА) - Членови на фолклорната група „Копачка" денеска ја посетија Спомен собата на Дедо Митко, првиот ороводец на Копачката. Активноста се реализира по повод прославата на јубилејните 75 години од основањето на ЗФГ „Копачка" с. Драмче, Делчево и 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита, афирмација и промоција на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО, но и навршувањето на девет години од впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО.

-Во рамки на денешниот ден имавме за цел посета и на Спомен собата на дедо Митко, ороводецот на Копачката. Дојдовме овде во Белчанско маало во с. Драмче, на гумното пред неговата куќа, каде најизворно, најразиграно, највозвишено и гордо, се виело орото Копачката. Неговата Спомен соба ќе ја збогатиме со нови примероци од изданија на брошури и ДВД од реализирани проекти од уредувањето на собата во 2014 година до денес, истакна Перса Стојановска  претседателка на ЗФГ „Копачка" с.Драмче, Делчево.

Воедно, како што додаде, таа возобновени се табличките со низата негови изреки за орото „Копачката“, кои ја отсликуваат неговата приврзаност со извонредниот пијанечки бисер.

-Покрај другите рекол и „Копачката е живо оро“, кое нешто анализирајки го оваа дистанца, мислам дека мислел колку е тоа динамично, но можеби бил свесен дека орото живее во народот, а тој самиот е лидер во ороводството. Изреките како и сиот документарен материјал на фотографии, објави во весници и списанија и друго ги имаше собрано народниот уметник, нашиот долгогодишен претседател Димитар Узунски, додаде Стојановска.

Престедателката на „Копачка" изрази благодарност до претседателот на Советот на месната заедница од с. Драмче, 
Љупчо Димитровски за несебичната поддршка за реализацијата на овие активности, кои се дел од проектот кој е субвенциониран од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан