• петок, 26 јули 2024

Португалија: 28 лица уапсени во рамки на борбата против криумчарењето мигранти

Португалија: 28 лица уапсени во рамки на борбата против криумчарењето мигранти

Лисабон, 28 ноември 2023 (МИА) - Вкупно 28 лица се уапсени денеска во јужна Португалија, за време на голема рација насочена кон мрежа осомничена за експлоатација на мигранти кои работат на земјоделски имоти, соопшти тамошната полиција.

Уапсените Португалци и странци се особено осомничени за трговија со луѓе, помагање на илегална имиграција, перење пари, дури и даночно затајување, соопшти португалската полиција.

За време на рацијата беа мобилизирани околу 480 полицајци кои извршија 78 претреси.

Десетици жртви идентификувани од истражителите доаѓаат од земји како Романија, Молдавија, Украина, Индија, Сенегал и Пакистан.

Привлечени од ветувањето за подобар живот, жртвите се нашле во ужасни услови, страдајќи од малтретирање и насилство, вели извор близок до истрагата, цитиран од дневниот весник Публико.

Пред една година, португалската полиција веќе изврши опсежна потрага во овој регион што доведе до апсење на 35 лица осомничени за трговија со луѓе, кои доаѓаат од источниот дел на земјата, Источна Европа, Африка и Азија. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан