• сабота, 21 декември 2024

Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

 

Манчестер, 1 ноември 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска официјално за нов тренер го назначи Португалецот Рубен Аморим, кој ќе се пресели во премиерлигашот од клупата на Спортинг од Лисабон.

Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.

Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.

Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. ег 

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан