Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на гласачите од дијаспората
- Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.
Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот.
Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот. сст/дма/
фото: МИА архива