• сабота, 20 април 2024

Поради премостување цевковод Делчево без вода за пиење

Поради премостување цевковод Делчево без вода за пиење

Делчево, 22 март 2023 (МИА) - Поголем дел од населбите во Делчево од денеска попладне се без вода за пиење. Од надлежното комунално претпријатие „Брегалница“ информираа дека недостигот на вода е поради изведување работи во близина на филтер станицата во село Тработивиште.

- Во рамки на работите се врши промена на вентил кај самата филтер станица, а исто така се работи и на премостување на цевководот, поради што поголем дел од градот е без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие.
 
Според екипите кои работат на терен, се очекува зафатот да биде завршен во текот на вечерните часови, по што најавија нормализирање на водоснабдувањето. 
 
Апелираа на стрпливост кај граѓаните, особено до жителите од повисоките делови на Делчево, каде нормализирањето на водоснабдувањето, во зависност од работите, би можело да потрае до утринските часови. вс/ар/

Тагови

Остани поврзан