• недела, 22 декември 2024

Поради последователни потреси прекинато уривањето на искривената зграда во Тајван

Поради последователни потреси прекинато уривањето на искривената зграда во Тајван

Тајпеј, 6 април 2024 (МИА) - Поради последователни потреси по земјотресот во Тајван во средата, уривањето на опасно искривената 10-катна зграда е прекинато.

Зградата, која треба да биде урната од безбедносни причини, стана симбол на земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала.  

Вкупниот број загинати во земјотресот се искачи на 13, а шест лица се водат како исчезнати.

Стотици последователни потреси ја погодија област од средата наутро, кога главниот удар беше во близина на источниот брег на Тајван. Едниот денеска беше со јачина од 5,2 степени.

Релативно малите последици од земјотресот се припишуваат на строгите стандарди за градба и големите јавни кампањи за обука на населението на островот кој е подложен на земјотреси. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан